18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит по девалвацијата на јуанот

Пад на Волстрит по девалвацијата на јуанот

Wall Street Premarket

Под притисок на неочекуваната девалвација на кинеската валута, на Волстрит во вторникот паднаа цените на акциите, а најмногу на компаниите изложени во втората по големина светска економија.

Dow Jones падна за 212 поени, или 1,2 отсто, завршувајќи го тргувањето на 17.402 поени, додека S&P 500 ослабна 0,96 отсто на 2.084 поени, а технолошкиот Nasdaq за 1,27 отсто, на 5.036 поени.

Курсот на американскиот долар скокна на валутните пазари откако Кина неочекувано го девалвираше јуанот за два отсто, на најниско ниво од 2012 година, одредувајќи го средниот курс кон доларот во висина од 6,2298 јуани. Депрецијацијата на јуанот е лоша вест за увозниците, а добра за извозниците.

„Очигледно дека девалвацијата сугерира дека во кинеската економија има многу слабости“, истакнува Ерик Куби, инвестициски советник при North Star Management, кој смета дека сега инвеститорите се во потрага по посигурни вложувања.

Ненадејната девалвација на валутата на најголемиот светски извозник на метал ја спушти и цената на бакарот и алуминиумот на најниско ниво за последните шест месеци, така што паднаа и цените на акциите на производителите на метали, во просек за 1,9 отсто.

Меѓу компаниите кои остваруваат голем увоз во Кина, на удар беше и продажбата на акцијата на Caterpillar, која претрпе пад за 2,6 отсто и General Motors, со пад од 3,5 отсто.

По затворањето на Волстрит, General Electric (GE) извести дека ја продава својата подружница која се занимава со финансирање на здравствена нега и 8,5 милијарди долари вредните заеми поврзани со тие на компанијата Capital One Financial. Цената на акцијата на GE зајакна 0,4 отсто во електронското тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП