18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШангајската берза во ‘црвено’ поради јуанот и слабата статистика

Шангајската берза во ‘црвено’ поради јуанот и слабата статистика

sangajska-berza

Тргувањето на Шангајската берза во средата заврши во негативно салдо на базичниот индекс, како реакција на острото слабеење на кинеската национална валута јуанот и економските статистички податоци за јули, кои се пониски од очекувањата на пазарите.

Клучниот индекс на Шангајската берза Shanghai Composite Index загуби во средата 1,06 отсто, на 3.886,32 поени. Основниот индекс на Шензенската берза, Shenzhen Composite Index, пак, падна за 1,54 отсто, на 2.249,18 индексни поени.

Во вторникот Кина ги шокираше меѓународните пазари со острото намалување на курсот на јуанот во однос на американскиот долар за 1,9 отсто, во услови на контрадикторни макроекономски податоци, а во средата дополнително го намали за уште 1,6 проценти, до 6,3306 јуани за долари. Централната кинеска банка, соопшти дека причината за тоа е поттикнувањето на растот на кинескиот извозот, но порача дека сепак нема да има долгорочно обесценување на националната валута.

Во средата расположението на пазарите беше одраз и на економските податоци за втората според обемот светска економија за јули, коишто се покажаа пониски од очекувањата на пазарите. Според официјалните податоци на Кинеското национално статистичко биро, растот на индустриското производство забавил во јули и изнесувал 6 отсто на годишно ниво, што е помалку од очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа раст на ниво од 6,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП