22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го искористи курсот, добивката поголема за 71 процент

Газпром го искористи курсот, добивката поголема за 71 процент

Russia Ukraine

Нето профитот на рускиот гасен гигант Газпром е зголемен во првиот квартал од оваа година за 71 процент на годишно ниво, на 382,11 милијарди рубљи (5,5 милијарди евра).

Објавениот резултат е значително повисок од просечната прогноза во анкетата на Интерфакс (347 милијарди рубљи).

Благодарение на послабата рубља, амортизирани се намалениот обем на продажба, приходите и пониските цени на енергијата. Приходите се зголемени за шест проценти, на 1.648,25 милијарди рубљи и се во согласност со прогнозата.

Добивката пред даноците, каматата и амортизацијата (EBITDA) е намалена за 0,8 проценти, на 582,92 милијарди рубљи (прогнозата изнесуваше 587 милијарди рубљи.

Компанијата веќе десети квартал по ред искажа слободен проток на пари, во првиот квартал од 251,91 милијарди рубљи. Загубата поради курсните разлики била 15 милијарди рубљи, додека биле прогнозирани 30 милијарди рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП