26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска - Прв должник во регионoт

Хрватска – Прв должник во регионoт

dolg hrvatska222

Хрватскиот јавен долг изнесува само 0,07 oтсто од вкупниот светски долг, но Хрватска во регионов е најголем должник.

Нејзиниот јавен долг е од околу 60 милијарди долари, за 15 милијарди поголем од словенечкиот, двојно повеќе од српскиот, 10 пати поголем од македонскиот, 15 пати од босанско-херцеговскиот и 35 пати поголем од црногорскиот.

Хрватскиот јавен долг учествува со 0,07 проценти од вкупниот долг кој го имаат направено сите светски економии и кој изнесува 59,7 илјади милијарди долари, покажува истражувањето на „Visual Capitalist“, кој се занимава со прикажување на бизнис содржини.

Во најновата студија на овој портал на графичката „погача“ се скрши светскиот долг на неколку земји, според податоците на официјалните институции (MMF) за задолженоста.

Графиконот покажува дека скоро третина од светскиот долг (29,1 oтсто) го има САД, чиј производен доприност на светската економија е значително понизок од нејзиниот долг и изнесува 23,3 проценти.

dolg svet

Една од најзадолжените економии е Јапонија со тројно поголем удел во долгот (19,99 oтсто) oд oној кој го има во производството (6,18 посто).

Меѓу 15-те најзадолжени држави седум се европски. На „Стариот континент“ се однесува повеќе од четвртина (26 oтстo) од светскиот долг. Во оваа стапка, како што се наведува, не е вклучена Русија која е една од најмалку задолжените земји во светот со удел од 0,49 проценти, посебно имајќи ја во предвид моќта на нејзиното производство.

Слична е ситуацијата и со Кина, втората светска економија, која држи 13,9 проценти од светското производство и само 6,25 oтсто долг.

САД, Европа и Јапонија заедно се задолжени за три четвртини од глобалниот јавен долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП