1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапо гориво има во Хрватска, а најевтино во Македонија и БиХ!

Најскапо гориво има во Хрватска, а најевтино во Македонија и БиХ!

gorivo 3030303

Цената на нафтата и нафтените деривати, како резлутат на падот на глобалниот пазар, се намалува и на Балканот, а најскапо гориво во регионот имаат граѓаните на Хрватска, а најевтино е во Македонија и БиХ.

Според Агенцијата „Анадолија“, цената на нафтените деривати често се менуваше во регионот, па најновите податоци покажуваат дека во Македонија литар бензин 95 чини 67,00 денари или 1,08 eвра, литар бензин 98 се продава по цена од 69,00 денари (1,12 eвра), a дизелот по цена од 51,00 денар (0,82 eвра).

Во Босна и Херцеговина цената на еден литар бензин 95 сега изнесува 2,10 конвертабилни марки (KM), oдносно 1,07 eвра, a литар дизел чини 2,0 KM или 1,02 eвра што е во просек најниска цена во регионот.

На трето место по евтино гориво се наоѓа Србија каде, како што се наведува, цените сепак варираат од ден во ден, од безнинска станица до бензинска станица. Литар бензин 95 чини во просек 145,9 динари (1,21 eвра), додека за литар дизел треба да се издвои околу 146,9 динари (1,22 eвра).

Следи Црна Гора каде што горивото со последната промена поевтинија од три до шест центи. Литар евросупер BMB 98 е поевтино за шест, а BMB 95 за пет центи, па чинат 1,29, oдносно 1,26 eвра.

Најскапо гориво на Балканот точат Хрватите кои за литар бензин 95 мораат да дадат 10,07 куни или 1,33 eвра, a зa литар дизел 8,94 куни, oдносно 1,18 eвра.

Истиот извор наведува дека најскапо гориво во Европа се продава во Норвешка, каде литар бензин 95 изнесува 1,71 eвра, a литар дизел 1,49 eвра. Следат Италија каде граѓаните за литар бензин 95 плаќаат 1,69 eвра, a за литар дизаел по 1,50 евра, и Велика Британија со цена од 1,68 eвра за литар бензин 95, и 1,65 eвра за литар дизел.

Најевтина нафта во Европа се продава во Русија каде литар бензин 95 чини 0,55 eвра, a литар дизел е 0,53 евра. По Русија најевтино гориво има Украина каде литар бензин 95 се продава по цена од 0,89 eвра, a литар дизел по 0,85 eвра.

Меѓу најевтините европски земји, кога станува збор за нафтата, се наоѓаат Македонија, БиХ и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП