Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара во вторник одржување на седница на парламентот за да може до четврток да биде ратификуван договорот за третиот пакет помош на земјата.
Кабинетот за печат на парламентот наведе дека сè уште не е информиран за одлуката на претседателката, до која Ципрас упатил писмо.
Ципрас навел дека сака предлог законот за пакетот помош да го предаде најдоцна во вторник до пратениците, за да може за него да се расправа во среда, а да се гласа во четврток.
Претседателката на парламентот, Зое Константополу, една од 30-те пратеници на Сириза од вкупно 149, што се противат на планот за помош на земјата, откако Атина и доверителите по долгите преговори во вторник утрото постигнаа договор за третиот пакет финансиска помош, за да може Грција да избегне банкрот и да остане во еврозоната.
„Тежината на ситуацијата бара итен состанок на парламентот заради започнување на потребните процедури за ратификација на договорот и исплата на првата предвидена транша“, напишал Ципрас.
Грција смета на таа исплата бидејќи треба да врати 3,4 милијарди евра на Европската централна банка на 20 август.
Секој пат левото крило на Сириза, во кое е и Зое Константополу гласа против. Изјаснувањето во четврток ќе биде шанса за Ципрас повторно да ги преброи своите сојузници, пред евентуалното распишување на предвремени избори, што многумина во Грција го очекуваат.