3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи затворија во минус, грчкaта скокна за над 2 отсто

Европските берзи затворија во минус, грчкaта скокна за над 2 отсто

berzizizi

Главните европски берзански индекси го завршија тргувањето во вторникот во црвената зона поради извештаите од Кина, додека грчкиот индекс покажа раст за над 2 отсто по вестите дека тамошната влада постигна договор со доверителите.

Така, лондонскиот индекс FTSE 100 се спушти за 1,06 отсто, на 6.664,54 поени, франкфуртскиот индекс DAX 30 падна за 2,68 проценти на 11.293,65 поени, додека парискиот индекс CAC 40 се намали за 1,86 отсто, на 5.099.03 индексни поени. Грчкиот композитен индекс Athex , пак, се зголеми за 2,14 отсто, на 705 поени.

Централната банка на Кина во вторникот го утврди ткн среден курс на јуанот во однос на доларот на ново 6,2298 наспроти 6,1162 од понеделникот. Според кинескиот регулатор, оваа мерка е привремена, и таа ја поддржува стабилноста на кинеската национална валута на „рационално ниво“ и ја зацврстува улогата на пазарот во определување на ткн фиксинг, и ќе го олабави притисокот врз кинескиот извоз.

Европските индекси, исто така, реагираа со пад на новите мерки на кинеската влада, игнорирајќи ги вестите дека Грција и меѓународните кредитори постигнаа технички договор за доделување на земјата на тригодишниот трет по ред финансиски пакет за помош во износ од 85 милијарди евра, од кој грчките банки веднаш ќе добијат 10 милијарди евра за докапитализација.

„Европските акции паднаа како реакција на кинеската валутна девалвација, и покрај тоа што се надѕира постигнувањето на договорот со Грција. Додека пазарите обично реагираат позитивно на секоја форма на стимулирање на економијата во Кина, денешното движење го толкуваат како веројатноста за посилно забавување на кинеската економија во споредба со сомнителните показатели на официјалната статистика“, вели за AFP Мајк ван Дулкен од одделот за истражување на „Accendo Markets“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП