10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМузиката може да спречи епилептичен напад

Музиката може да спречи епилептичен напад

Muzika11565

Најновото американско истражување покажа дека слушањето музика би можело да помогне во спречувањето на епилептични напади.

Мозокот на епилептичарите реагира поинаку на музиката за разлика од мозокот кај луѓето што не патат од оваа болест, изјави коавторката на студијата, неврологот Кристин Чаритон од Државниот универзитет во Охајо.

„Бевме изненадени од резултатите. Претпоставуваме дека музиката поинаку ќе делува од тишината, но не очекувавме луѓето со епилепсија ќе реагираат на поинаков начин од луѓето што ја немаат оваа болест“, наведе Чаритон во изјава за лондонски Телеграф.

Резултатите на електроенцефалограмот покажаа дека кај луѓето кои боледуваат од епилепсија доаѓа до синхронизација на мозочните активности со музиката.

Чаритон и нејзините колеги истакнуваат дека музиката во иднина би можела да биде користена во содејство со другите, традиционални методи при превенцијата на епилептичните напади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП