26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарската Влада припреми нов план

Кипарската Влада припреми нов план

kiparska-vlada

Кипарската Влада и кипарската Централна банка разработиле нов план за стабилизирање на финансиската ситуација во земјата, кој предвидува користење на активите од фондовите за социјално осигурување, изјавија денеска извори од Европската унија, јави БТА.

Новиот план има за цел да и помогне на земјата да ја собере сумата од пет милијарди евра, а уште една милијарда кипарските власти планираат да добијат преку размена на дел од банкарските депозити со обврзници, кои ќе се плаќаат со приходите од експлоатацијата на подводните наоѓалишта на гас.

Се очекува во текот на денот овој план да и биде претставен на тројката меѓународни кредотори (Европската комсиија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд).

Според некои информации тројката исто така изготвила свој план, но неговата содржина засега не е позната.

На вонредна седница на кипарскиот Парламент, која ќе се одржи вечерва, ќе биде разгледан новиот предлог на тројката, јавуваат кипарските медиуми. На седницата ќе бидат разгледани два нацрт-закони. Едниот предвидува воведување на еднократна мерка за ограничување на „излевањето“ на капитал, откако банкарскиот систем на Кипар ќе се врати во нормала. Вториот предлог е поврзан со преструктуирање на банкарскиот систем на Кипар со одделувањето на „токсичните активи“ во посебна структура, во т.н. „лоша банка“, која ќе подлежи на ликвидација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП