21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе гради нова спортска сала во ОУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани

Се гради нова спортска сала во ОУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани

lopatar 33

Нова училишна спортска сала почна да се гради во основното училиште „Манчу Матак“ во Општина Кривогаштани, која е дел од проектот на Владата „Изградба и опремување на 145  училишни спортски сали“.

„Денес сме тука за да ги поставиме темелите на новата спортска сала во состав на основното училиште „Манчу Матак“, со што започнува реализацијата на уште едно ветување во рамки на севкупните заложби на Владата за осовременување на образовната и спортската инфраструктура во земјата“, рече државниот секретар за образование Елизабета Тодоровска.

Учениците и наставници од ова училиште, рече Тодоровска, коешто исто така, благодарение на заложбите на локалната самоуправа неодамна е реконструирано, во многу скоро време ќе продолжат на достоинствен начин да ги одржуваат часовите по предметот спорт и спортски активности.

„Ќе можат да ги одмеруваат силите во кошарка, одбојка, фудбал, ракомет, гимнастика, пинг понг и така натаму. А се разбира, салата ќе биде достапна и за спортските рекреативци од овој крај, на кои исто така, им недостасуваше еден спортски објект од ваков тип“, рече Тодоровска.

Објектот ќе биде изграден од енергетски ефикасни материјали и ќе се протега на површина од вкупно 650м2. Во негов состав ќе има гардеробери, санитарни јазли, најсовремена опрема за спортување, простории за сместување на спортските реквизити, како и посебни простории за наставниците по спорт и спортски активности.

Парите во износ од 24 милиони денари се обезбедени од Буџетот и Банката за развој при Советот на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП