3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДевалвацијата на јуанот ја сопре цената на нафтата близу 50 долари

Девалвацијата на јуанот ја сопре цената на нафтата близу 50 долари

nafta 93939

Цената на нафтата се стабилизираше денеска на светските берзи близу 50 долари за барел откако Кина ја девалвираше својата валута во најновиот обид да го поттикне економскиот раст, што ги поскапува стоките искажани во долари и ги намалува изгледите за побарувачката.

На лондонската берза цената на барелот се намали за 71 цент во однос на претходното затворање, на 49,70 долари. Вчера го заклучи тргувањето во плус 1,80 долари. На американскиот пазар со барелот денеска се тргува по 80 центи пониска цена, од 44,16 долари. Вчерашното тргување го заклучи во плус 1,09 долари.

При крајот на вчерашното тргување нафтениот пазар го поттикна нарушувањето во работата на американските рафинерии, а денеска вниманието на актерите го провлече одлуката на кинеската централна банка за еднократна девалвација на јуанот од два отсто, поради поттикнување на забавената економија.

„Тоа е лоша вест за нафтата бидејќи Кина мора да плаќа поскапо“, констатира Хамза Кан, аналитичар во банката ING. „Од друга страна, доколку оваа девалвација биде доволно силна да го поттикне закрепнувањето на кинескиот извоз и да го подобри кинескиот БДП, тогаш ќе биде позитивна за нафтата“.

„Краткорочниот ефект е негативен, а долгорочниот би можел да ја поттикне цената“, напоменува Кан.

Податоците објавени во вторникот покажуваат дека продажбата на автомобили во Кина паднала во јули за 7,1 отсто во однос на претходната година, најмногу од февруари 2013 година.

„Уште не постои солидна основа за долгорочно закрепнување на цените, со оглед на непоколебливата прекумерна понуда“, заклучија аналитичарите на Commerzbank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП