20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПопусти за отворањето на реновираната Телеком продавница во Куманово

Попусти за отворањето на реновираната Телеком продавница во Куманово

telekom-prodavnica

Македонски Телеком во среда со почеток во 10 часот, ќе ја пушти во употреба реновираната продавница во Куманово. Предвидено е првите 100 корисници да добијат подарок, а ќе има и попуст на таблети.

Со реновирањето, во целост е променет изгледот на Телеком продавницата која отсега ќе има сосем нов современ дизајн и овозможува мултимедијално искуство за корисниците.

Ова е петта реновирана продавница по ред, која Македонски Телеком ја пушта во употреба ова лето. По повод отворањето на реновираната продавница во Куманово, компанијата подготви изненадувања за корисниците.

Првите 100 посетители ќе добијат подароци, но дополнително Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда со којашто секој корисник кој тој ден ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто, се вели во соопштението на компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП