Македонската Влада распиша јавен оглас за избор на нов директор на Управата за јавни приходи (УЈП), кој трае до 18 август.
За сега нема информации дали станува збор за менување од функцијата на актуелниот директор Горан Трајковски, или тој ќе се пријави на огласот.
Од УЈП нема информации дали Трајковски си заминува од позицијата, а од Владата се уште нема одговор.
Во моментот УЈП е и без заменик директор откако минатиот месец во Струга беше застрелан Аргетим Асани.