Цените на акциите на Волстрит силно закрепнаа во понеделникот од минатонеделните загуби, при што индексот S&P 500 оствари најголем дневен скок од мај благодарение на растот на цените на акциите на производителите на сировини и оптимизмот во врска со најновата аквизиција на Ворен Бафет.
S&P 500 скокна за 1,28 отсто, на 2.104 поени, остварувајќи најголем дневен скок од 8-ми мај. Истовремено, DAX зајакна 1,39 отсто на 17.615 поени, а технолошкиот гигант Nasdaq 1,16 отсто, на 5.101 поен.
Цената на бакарот на почетокот на неделата е оддалечена од најниското ниво за последните шест месеци, а поскапе и нафтата, што го поттикна растот на енергетските компании. Во просек цената на енергетските акции порасна за 3,1 отсто, што е најголем дневен скок од јануари, додека цената на акциите на производителите на сировини пораснаа за 2,5 отсто.
Разочарувачките последни макроекономски показатели до Кина ги зајакнаа надежите на инвеститорите дека Пекинг ќе преземе нови поттикнувачки мерки, а оптимизмот на инвеститорите го зајакнаа и сигналите за скорешен договор на Грција со меѓународните кредитори за нов заем.
Најмногу скокна цената на акцијата на Precisio Castparts, за 19,1 отсто, откако Berkshire Hathaway, фондот на милијардерот Бафет објави дека ќе го купи. Целата зделка вреди 32,2 милијарди долари.
По затворањето на Волстрит цената на акцијата на Google зајакна речиси 5 отсто, откако што компанијата најави промена на својата оперативна структура и основање на нова компанија Alphabet, која ќе управува со голем број на досегашни делови од работењето, па и со интернет пребарувачот.
На европските берзи индексите исто така пораснаа, при што франкфуртски DAX се зголеми за 1 отсто, на 11.604 поени, париски CAC за 0,8 отсто, на 5.195 поени, а лондонски Ftse за 0,26 отсто, на 6.736 поени.