21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурсот на јуанот кон доларот намален за рекордни 1,9 отсто

Курсот на јуанот кон доларот намален за рекордни 1,9 отсто

juna-juani

Кинеската централна банка во вторникот го намали за рекордни 1,9 отсто официјалниот курс на националната валута јуанот во однос на американскиот долар, пренесува агенцијата.

Кинескиот регулатор во вторникот го утврдил ткн среден курс на јуанот во однос на доларот на 6,2298 наспроти 6,1162 колку што изнесуваше во понеделникот. Агенцијата Bloomberg го нарече „рекорден“ пад на дневниот курс од моментот на унификацијата во Кина во 1994 година на официјалниот и на девизниот пазар.

Народната банка на Кина во соопштението истакнува дека мерката е еднократна, додавајќи дека со тоа ќе се задржи стабилноста на јуанот на „рационално“ ниво и ќе биде зајакната улогата на пазарот во одредувањето на фиксингот.

„Се чини дека ова е крај на фиксингот што го утврдуваше владата, кој го познаваме од порано. Еднократното намалување на курсот на валутата и овозможувањето пазарот да учествува во утврдувањето на фиксингот нé воведува во нов девизен режим“, вели за Bloomberg Кунг Ко, аналитичар на „Australia & New Zealand Banking Group Ltd“ од Сингапур.

Според кинеските финансиски власти, еден од факторите за намалување на високиот ефективен девизен курс е тоа што силниот јуан врши притисок врз извозот. Мината сабота властите објавувајќи ги макроекономските податоци за јули, соопштија дека кинескиот извоз се намалил за 8,3 отсто на годишно ниво, додека аналитичарите очекуваа намалување на овој показател за 1 процент.

Одлуката на централната банка може да влијае и врз барањата за функционалност на јуанот за негово внесување во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како резервна валута, смета Жао Хао економист во „Commerzbank AG“.„

„Иако слабите трговски податоци треба да го поттикнат фиксингот на страната на слабеењето, оваа мерка сé уште не е доволно конзистентна. Од гледна точка на барањата на ММФ, девизниот курс на јуанот ќе биде повеќе пазарно ориентиран на пазарот“, додава Жао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП