14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKraft Heinz објави пад на продажбата за кварталот пред спојувањето

Kraft Heinz објави пад на продажбата за кварталот пред спојувањето

kraft heinz

Компанијата за прехранбени производи и пијалоци „Kraft Heinz“ изјави дека приходите и на двете компании падна во последниот квартал пред нивното спојување, што претставува последното партнерство меѓу Ворен Бафет и „3G Capital“, објави „The Financial Times“.

Третата најголема американска компанија за прехранбени производи и пијалоци објави дека приходите на одделот „Kraft“ се намалија за 4,9%  или до 4,5 милијарди долари главно поради помалиот обем и цените.

Поделба сепак најави заработка по акција од 93 центи, што е раст за 15% во однос на минатата година и ги надминува очекувањата на пазарот. Растот се должи делумно на продажбата на средства и нереализираните добивки од другите активности.

Бернардо Хис, извршниот директор, изјави дека компанијата била „фокусирана на потешкиот и предизвикувачкиот процес за интегрирање на двата бизниси. Не чека многу сериозна работа, додека продолжуваме со обликување на новата организација“.

„Kraft Heinz“ беше формирана на 2-ри јули по спојувањето на двете компании, кои ги произведуваат некои од најголемите прехранбени брендови во САД, а во некои случаи како со кечапот на „Heinz“, и во целиот свет.

Резултатите за вториот квартал се првите објавени од „Kraft Heinz“ по спојувањето. Компаниите сепак се уште биле одделени една од друга во тримесечниот период.

Инвеститорите имаат големи очекувања од спојувањето. „3G“ докажа дека може да ги ограничи сериозно трошоците на компаниите кои ги контролира, а успехот и во подобрувањето на оперативните маргини на обземени од неа, компании обично ги прави привлечни за конкурентите од прехранбениот сектор.

„Heinz“ објави загуба од 91 центи по акција, а минатата година загубата беше едвај од 14 центи по акција, и пад од 4,1% на продажбата до 2,6 милијарди долари. Со многу поголеми операции во странство од „Kraft“, „Heinz“ беше сериозно погодена од силниот долар и дури го продаде својот бизнис во Велика Британија.

Без специјалните ефекти, сепак добивката пред камата, даноци и амортизацијата се зголеми за 6,7% или до 739 милиони долари, благодарение на подобрите цени во Северна Америка и ограничувањето на трошоците, соопштија уште од компанијата.

„Kraft Heinz“ претстави и резултати од комбинираниот профит за кварталот. Тие покажуваат пад на приходите на 7,1 милијарди долари од 7,5 милијарди долари од една година порано и намалување на нето добивката до 390 милиони долари од 494 милиони долари пред една година.

Новата компанија, изјави дека е „убедена“ дека ќе одговори на сите проценки за спојувањето, вклучувајќи и на ограничувањето на трошоците за 1,5 милијарди долари до крајот на 2017-та година.

Акциите на компанијата се намалија за 2,3 отсто во слободната трговија или до 76,99 долари за акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП