20 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзбегнувајте ги овие зборови кога се опишувате себе на разговорот за работа

Избегнувајте ги овие зборови кога се опишувате себе на разговорот за работа

intervju-posao-job-630x330

Менаџерите кои вработуваат имаат свои омилени прашања кои ги поставуваат на интервјуто за работа. На пример, можеби ќе ве прашаат: „Како ве опишуваат вашите колеги“ или „Опишете се себе си во три збора“. Тогаш треба внимателно да ги изберете зборовите, а ние ви даваме примери кои зборови би требало да ги избегнувате.

1. Интелигентен

Убаво е кога некој ќе ве опиште како „интелигентен“, но од друга страна, не е убаво сами за себе така да кажете.

Наместо тоа: Користете зборови како што се – логичар, брзо учи, секогаш ја гледа пошироката слика, долгорочно размислува…

2. Симпатичен

Навистина е чудно некој сам за себе да каже дека е симпатичен, а помалку делува и непрофесионално доколку кажете дека сите се смеат на вашите шеги или дека им недостасувате кога сте болни

Наместо тоа: Тимски играч и ентузијаст, а можете да ги поткрепите и со разни примери кога нешто добро сте направиле, а не со реакциите на другите за вас.

3. Успешен

Можете успешно да изработите нешто, но не можете сами да се наречете успешен. Неприфатливо е исто како и на итервјуто за себе да кажете дека сте богати или дека добро изгледате.

Наместо тоа: Кажете дека сте добри и успешни во тоа што го работите. Локализирајте го успехот на вашите вештини и вашите деловни искуства. Тоа веќе звучи многу подобро.

4. Опсесивен

Иако со голема страст ја работите својата работа, избегнувајте зборови со негативна конотација. Опсесивноста всушност се смета за маана.

Наместо тоа: Има многу зборови со кои можете да ја опишете вашата пасија кон работата, а да не дојде до забуна. На пример, фокусиран, посветен, вреден, педантен…

5. Скромен

Едноставно не го употребувајте овој збор бидејќи ќе биде потребно да објасните во кој поглед сте скромни и можно е да дојде до недоразбирање.

Наместо тоа: Трудете се да се држите до фактите, кажете што сте постигнале, какви биле резутатите, што другите мислеле за тоа, а судот оставете го на менаџерите кои ве интервјуираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП