Кај село Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се користи патот низ село Порој.
Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г. Орашје и Нераште.
Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.
Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај село Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.