14 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку совети кои можат значително да ја зголемат продуктивноста

Неколку совети кои можат значително да ја зголемат продуктивноста

office-634x330

Сите, барем еднаш, сме се нашле во ситуација во канцеларијата безидејно да седиме на бирото, да заостануваме со задачите и да не ги решаваме проблемите.

Во таквите ситуации ни се чини дека мораме нешто итно да преземеме или се ќе се распадне, сепак, постојат работи кои можат да ни помогнат да ја подобриме или поттикнеме продуктивноста

Ви претставуваме четири совети:

Земете пауза

Иако на прв поглед ви се чини дена е контрапродуктивно да земате пауза кога имате еден тон незавршена работа, не е така. Едноставно, паузата ќе ви ги разбистри мислите. Кога ќе се вратите во канцеларија, ќе се чувствувате подобро, посвежо и поведро.

Препознајте ги приоритетите

Веднаш по доаѓањето на работа направете листа со работи кои можете да ги обавите тој ден. Задачите поделете ги според важноста. Потцртувањето на извршените задачи од листата, меѓу другото, ќе делува и поттикнувачки на вас.

Размислувајте долгорочно

За момент размислете за две големи работи кои сакате да ги постигнете во наредните неколку години. Тоа нека ви биде потсетник да дадете поголем напор.

Дојдете порано на работа

Рано наутро канцеларијата е празна па така ќе можете полесно да се сконцентрирате, односно никој нема да ви попречува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП