14 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст јакне во еврозоната, ослабнува во САД и Велика Британија

Економскиот раст јакне во еврозоната, ослабнува во САД и Велика Британија

OECDf45tfg56ty56y67u

Економскиот раст во Франција, Италија и еврозоната во целина зајакнува, додека во САД и Велика Бритнаија покажува знаци на забавување, објави во понеделникот Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

Клучните месечни показатели кои ги следат сигналите за евентуални промени во економските трендови сигнализираат зацврстување на нагорниот тренд во Франција и Италија и во еврозоната во целост, покажува извештајот на OECD за јуни.

Така индексот за Франција порасна во јуни на 100,8 поени, додека за Италија и еврозоната остана непроменети на 100,9 односно 100,7 поени, извести OECD.

Во Германија и Јапонија се очекува стабилен раст на економските активноси, со вредност на индексот од 100,0 односно 100,1 поен. Истата оценка важи и за Русија, иако темпото на раст ќе биде послабо од долгогодишниот тренд, со вредност на индексот од 98,8 поени.

Велика Британија и САД покажуваат сигнали за забавување на економските активности, со спуштање на вредноста на индексот од 99,9 на 99,8 поени, односно од 99,5 на 99,4 поени.

Во Бразил и Кина индексите паднаа побрзо во однос на претходниот месец, што упатува на забавување на растот, констатира OECD.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП