18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските индекси во негативно подрачје

Европските индекси во негативно подрачје

evropski=berzi

Најзначајните европски индекси во понеделникот околу пладне влегоа во негативно подрачје, со оглед дека разочарувачките економски показатели од Кина и падот на цените на акциите на рударските компании предизвикаа продажби на акциите.

Паневропскиот FTSEurofirst 300 индекс околу 11,30 часот беше во минус 0,6 отсто, на 1.564 поени. Истовремено лондонски Ftse ослабна 0,9 отсто, на 6.658 поени, париски CAC 0,09 отсто, на 5.150 поени, а франкфуртски DAX 0,02 отсто, на 11.488 поени.

„Се чувствува слабост на пазарот поради загриженоста околу состојбата на кинеската економија“, вели Бренда Кели, аналитичарка при London Capital Group.

Кинеската влада е под растечки притисок дополнително да ја стимулира економијата, откако за време на викендот беше објавено дека увозот во втората по големина светска економија се намалил во јули за 8,3 отсто, а намалување бележат и производните цени.

Се проценува дека економскиот раст во Кина во оваа година би можел да достигне 7 отсто, што е силно според глобалните стандарди, но Кина до скоро бележеше стапка на раст и над 10 отсто. Покрај, тоа економистите веруваат дека стапката на раст ќе биде побавна од проценките.

„Веројатно оваа година можеме да очекуваме стапка на раст на кинеската економија под седум отсто. На Кина веројатно ќе и биде тешко тоа да го постигне“, смета Кели.

Меѓу најголемите губитници беа акциите на рударските компании, како што се BHP Billiton, чија цена се спушти за 2,5 отсто, како и на Anglo American, за 2 отсто.

BHP Billiton објави дека ќе го намали бројот на вработените во својот рудник за бакар и уран во Австралија за 380, наведувајќи ги како причина глобалните пазарни услови и желбата проектот да биде одржлив.

Според пишувањата на чилеанските медиуми, Anglo American би можел да ги продаде своите рудници на бакар во Чиле на еден британски инвестициски фонд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП