3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешката економија под притисок од ниската цена на нафтата

Норвешката економија под притисок од ниската цена на нафтата

norveska nafta222

Глобалната финансиска криза фрли многу економии на колена, но не и богатата со нафта Норвешка. Сепак, падот на цената на нафтата на 50 долари е тежок удар за норвешката економија.

Невработеноста во Норвешка во мај порасна на 4,3 отсто, што е највисока стапка за последните 11 години, пишува Bloomberg.

Нафтата и гасот се клучни сектори на економијата, а нивниот извоз од 500 милијарди круни е далеку поголем од извозот на било кој сектор.

Падот на цената на нафтата влијаеше и на инвестициите во овој сектор, кои се на најниско ниво од 2000 година. За да се прилагодат на ситуацијата на пазарот, нафтените компании ги намалуваат инвестициите и бројот на вработени.

Норвешката влада има огромни финансиски резерви во државниот нафтен фонд, кои вредат околу 875 милијарди американски долари.

Доколку посегнат по овие резерви, тоа би бил историски чекор, бидејќи е планирано овој имот да им биде оставен на следните генерации. Поради тоа норвешката влада ќе мора значително да ги намали своите расходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП