
Нето долгот на руската компанија Газпром е намален од 31 март на годишно ниво за 12 проценти, на 22,6 милијарди долари, соопшти денес оваа компанија во првиот квартален извештај за 2015 година.


Нето долгот на руската компанија Газпром е намален од 31 март на годишно ниво за 12 проценти, на 22,6 милијарди долари, соопшти денес оваа компанија во првиот квартален извештај за 2015 година.
Тоа значи дека долгот е намален за 33,2 милијарди долари, пренесува ТАСС.
Нето профитот на Газпром е зголемен за 1,7 пати, на 5,9 милијарди долари во првиот квартал од 2015 година.
Во исто време приходите се зголемени за 5,8 проценти, на 25,5 милијарди долари, а оперативните трошоци од јануари до март пораснаа за 7,5 проценти, на 18,1 милијарди долари.
Заработката пред плаќањето на даноците е зголемена за 1,56 пати на 7,7 милијарди долари.