5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПатики Adidas по мерка на лице место!

Патики Adidas по мерка на лице место!

patiki adidas

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ се одлучи да направи чекор напред со цел да го претекне својот главен конкурент, американската компанија „Nike“, така што на лице место ќе прави патики по мерка на купувачот.

„Adidas“ моментално работи на концепт на автоматизирано производство на спортски обувки по мерка директно во продавниците, соопштија претставници на германската компанија.

„Клиентите ќе добијат патики кои ќе бидат целосно прилагодени на нивните потреби, а кои перфектно ќе одговараат на нивните стапала и начинот на движење“, објасни за „Handelsblat“ членот на управниот одбор на „Adidas“, Глен Бенет.

Поради тоа што имаат високо-технолошки машини кои ќе им ги измерат стапалата, купувачите ќе можат да нарачаат обувки кои веднаш во продавницата ќе се произведат специјално по нивна желба.

Автоматот по неколку минути ќе испорача готов производ.

Приходот на компанијата во вториот квартал од годината е зголемен за 15 проценти на годишно ниво или на 3,91 милијарди евра, додека оперативниот профит порасна за осум проценти годишно или на 234 милиони евра.

Нето профитот на „Adidas“ во вториот кватал од оваа година порасна за 1,4 отсто или на 146 милиони евра.

Компанијата е особено задоволна поради постигнатиот раст во однос на истиот период од 2014-та кога се одржуваше Светското првенство во фудбал во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП