25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Португалија континуирано се намалува

Невработеноста во Португалија континуирано се намалува

portugalija 8383

Стапката на невработеност во Португалија падна во второто тромесечје на 11,9 отсто од 13,7 отсто, колку што изнесуваше во претходниот квартал, соопшти националниот завод за статистика.

Невработеноста во Португалија константно се намалува на квартално ниво уште од првото тромесечје во 2013 година, кога невработеноста достигна 17,5 отсто.

Португалија во мај 2011 година, благодарение на заедничкиот кредит на ММФ и Европската унија од 78 милијарди евра успеа да избегне банкрот.

Програмата за помош предвидуваше кратење на трошоците, зголемување на даноците и воведување на реформи поради подигнување на ефикасноста на економијата.

Долгот на Португалија на крајот на првиот квартал од 2012 година изнесуваше речиси 190 милијарди евра, што е околу 112 отсто од домашниот БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП