18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti ги откри плановите за 2016-та година

Infiniti ги откри плановите за 2016-та година

ifi 003

Компанијата „Infiniti“ откри какви промени во гамата на модели ќе направи во 2016-та година. Јапонската марка смета не само да додаде нов модел кон своето производство, но и да се откаже од производството на друг. А исто така и да обнови неколку автомобили од понудените во моментов.

Палетата на „Infiniti“ ќе ја напушти седанот „Q40“, кој ќе биде заменет од веќе новиот „Q50“. А ослободеното место од „Q40“ ќе биде зафатено од компактниот хечбек „Q30“, чија премиера ќе се одржи на автосалонот во Франкфурт.

Во следната година, исто така ќе стартува продажбата на моделот „Q60“ (на првата слика), изграден врз основа на седанот „Q50“. Предвесник на моделот беше прикажан на саемот во Детроит во јануари, кој беше опремен со нов 3.0-литарски V6 мотор со две турбини.

Освен тоа возилото ќе добие и нов турбо-мотор со зафатнина од 2.0 литри. Тоа ќе биде добро познатиот мотор на „Mercedes-Benz“ со 214 КС, кој кај седанот „Q50“ работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач.

ifi 004

Веќе во септември оваа година ќе започне продажбата на обновениот „QX50“ (на втората слика), кој ќе добие промени во дизајнот и продолженото меѓуоскино растојание. Во октомври ќе излезе најголемиот кросовер „QX80“ во верзија „Signature Edition“, а во ноември – „Q70“ во новата модификација „Premium Select Edition“.

А во јануари следната година на автосалонот во Детроит, ќе биде прикажан и реновираниот кросовер „QX60“, чија продажба заедно со онаа на другите два нови теренеци ќе стартува во пролетта на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП