12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе депортира 94.000 азиланти од Балканот

Германија ќе депортира 94.000 азиланти од Балканот

azilanti germanija

Германија ќе протера 94.000 баратели на азил од Балканот и ќе им забрани повторно влегување во Германија, изјави претседателот на Сојузната канцеларија за миграции и бегалци, Манфред Шмит, во интервју за „Велт“.

Причината за ова е тоа што балканските земји се прогласени за безбедни од политички прогон и што најчесто се работи за економски, односно социјални доселеници.

„Речиси сите тие, со решение за одбивање на азил, ќе добијат и известување за забрана за повторен влез и престој во Германија“, рекол Шмит.

Позадината на овие мерки е реформата на германскиот закон за престој и дека само на оние добро интегрираните и на оние кои имаат дозвола за престој ќе им биде дозволено да останат и понатаму во Германија.

Шмит смета дека на барателите на азил треба да им се укине и месечниот џепарлак од 143 евра.

Од друга страна, на оние кои немаат услов за дозвола за престој ќе им се забрза постапката за враќање во домовите. Странец кој е протеран или депортиран нема да може повторно да влезе во Германија најмалку пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП