6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот Груевски во Демир Хисар пушти во употреба нова станбена зграда за...

Премиерот Груевски во Демир Хисар пушти во употреба нова станбена зграда за лица со социјален ризик

станбена

Новата станбена зграда со 25 стана, наменети за лица со социјален ризик и други ранливи категории, беше пуштена во употреба во неделата во Демир Хисар.

Објектот вреден 33 милиони денари, го пуштија во употреба Премиерот Никола Груевски, директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов и градоначалникот на Демир Хисар Љупчо Блажевски.

Груевски рече дека распределбата на становите ќе се одвива по електронски пат, почнувајќи од овој месец, а целата процедура Министерството за транспорт и врски треба да ја заврши кон средината на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП