19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го зголеми рејтингот на Ирска

Fitch го зголеми рејтингот на Ирска

fitch-ratings

Меѓународната рејтинг агенција „Fitch“ го зголеми рејтингот на Ирска од „стабилен“ на „позитивен“, истакнувајќи дека економијата на земјата се засилува, откако во 2013-та година таа го заврши спасувачкиот план.

Приходите од даноци се кренаа за 11,7% во првата половина од 2015-та година во споредба со истиот период во 2014-та година, главно поради корпоративните давачки.

Со 8% и 6% се зголемени приходите во државната каса од ДДВ и индивидуалните даноци.

Ирска направи и предвремено плаќање од 18 милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд.

„Економското заздравување се прошири од нашата последна проценка во февруари“, тврди агенцијата.

Потрошувачката на домаќинствата се зајакна значително, исто како и довербата на потрошувачите и растот на вработеноста. Агенцијата е уверена дека дефицитот на Даблин ќе падне под 3% од БДП и државниот буџет и ќе биде позитивен за прв пат од 2007-ма година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП