22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСушата го ограничува сообраќајот низ Панамскиот канал

Сушата го ограничува сообраќајот низ Панамскиот канал

kanal panama

Панамскиот канал на некое време ќе ја ограничи големината на бродовите што можат да пловат по него заради сушата поврзана со климатскиот феномен Ел Њино, изјави во петокот управата на каналот.

Управата додава дека од 8-ми септември најголемиот газ за бродовите ќе го намали на 11,89 метри, со што ќе бидат зафатени 18,5 отсто од бродовите кои инаку минуваат низ овој канал што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан.

Газ претставува длабочината до која тоне трупот на бродот, а зависи од тежината на товарот што се превезува.

Управата додава дека од 16-ти септември ќе воведе дополнителни ограничувања и ќе го смали газот на 11,73 метри доколку временските услови не се променат.

Управителот на каналот истакна дека јуни и првата половина на јули биле најсушни во последните 102 години, а со тоа паднало и нивото на водата во езерата кои го напојуваат каналот.

Слични мерки властите донесоа и во март 1998-ма година заради сушата.

Панамскиот канал долг 80 километри, беше пуштен во употреба во 1914-та година и преку него се одвива пет отсто од светската поморска трговија. Од 2007-ма година се работи на негово проширување за да се овозможи преми на бродови долги 400 метри кои можат да примат 14.000 контејнери, тројно повеќе од сегашниот капацитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП