19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Швајцарија на исто ниво

Невработеноста во Швајцарија на исто ниво

shvajcarija53v454gr

На краjот на јули во Швајцарија бројот на невработени изнесуваше 133.754, што е за 498 лица повеќе отколку на крајот на претходниот месец.

Стапката на невработеност остана непроменета, односно 3,1 проценти од работоспособното население, објави Државниот секретаријат за економија SECO.

Во однос на јули 2014 година бројот на невработени пораснал за 5,3 проценти, додава „SECO“, а пренесува весникот „24 часа“. Во соопштението потсетуваат дека стапката на невработеност во минатогодишниот јули изнесувала 2,9 проценти.

Невработеноста меѓу најмладите (од 15 до 24 години) во јули на месечно ниво пораснала за 8,4 проценти, на 17,182 лица. Во однос на јули 2014 година, оваа бројка покажува раст од 3,2 проценти.

А вкупниот број на лица кои се во потрага за работа изнесува 190.939 и е помал за 151 во однос на јуни, но е за 5,6 проценти поголем во споредба со минатогодишниот јули.

Бројот на слободни работни места е намален во јули за 135 на 10,352. Најголема стапка има кантонот Женева, 5,5 проценти, со раст за 0,1 процентни поени во однос на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП