19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриоритетот на Грција е долг рок и приватизацијата

Приоритетот на Грција е долг рок и приватизацијата

Imag666

Грчкото министерство за финансии се обиде во петокот да ја смири домашната јавност во врска со новиот фонд за приватизација кој го бараат меѓународните доверители, појаснувајќи дека на тој начин долгорочно, во период 30 години, ќе собере доволно капитал општествената сопственост која нема набрзина и евтино да биде распродадена.

Министерството за финансии на Грција соопшти дека со „четворката“ доверители – Европската комисија, Европската централна банка, Европскиот механизам за стабилизација и Меѓународниот монетарен фонд – се договорило за рамките на новата структура којашто ќе го замени досегашниот фонд TAIPED, основан во јули 2011 година во рамките на претходните два пакета странска финансиска помош.

Новата структура, како што се истакнува во соопштението, ќе има „сосема поинаква логика и начин на работа“, Ќе биде слична на „јавен инвестициски фонд“, како во другите држави, како на пример во Норвешка или Австралија. Фондот со имотот ќе располага во рог од 30 години, без притисоци за брза продажба, и со можноста од чекање на поволни економски услови.

Целите на приватизацијата ќе бидат ревидирани надолу, ММФ предвидува 1,5 милијарди евра приходи до 2018 година, Европската комисија 2,5 милијарди, наспроти 6-те милијарди евра предвидено со претходните планови, според грчкото министерство.

Продажбата на општествената сопственост нема да биде единствената цел на фондот: таа ќе биде да биде зададена во „долгорочна концесија“ или ќе биде извор и на редовни приходи, се додава уште во соопштението, и се разгледува на пример можноста „за секој контејнер превезен со железниците одреден помал износ да биде уплатен во фондот“. Во фондот ќе влегуваат веројатно и идните приходи од искористувањето на природните ресурси.

Половината од фондот проценет на вкупна вредност од 50 милијарди евра ќе биде наменета за консолидација на грчкиот банкарски систем, а другата за „развој и сервисирање на долгот“, истакнува министерството. Се додава дека за итната докапиталиација на банките ќе биде потребно околу 10 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП