17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски го пушти во употреба реконструираниот водовод во селото Ботун

Груевски го пушти во употреба реконструираниот водовод во селото Ботун

guevski-vodovod

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски вчера беше во посета на три населени места во општина Дебарца. Тој присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во селото Ботун, а беше дел и од поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта.

Исто така премиерот го посети и селото Требеништа каде што присутвуваше нa свеченото пуштање во употреба на реконструираното училиште.

„На изборите дадовме ветување дека тоа ќе го санираме, односно дека ќе направиме темелна реконструкција со нови извори коишто ќе го подобрат водоснабдувањето, така што во Ботун сега нема повеќе проблем со водоснабдувањето. Отпочна со градбата и системот за одведување на отпадни води, кој е исклучително значаен за Мешеишта и околните населени места, бидејќи овој колектор ќе опфати повеќе канализации и ќе реши многу проблеми на населението“, рече Груевски.

Тој информираше дека во селото Требеништа е напревена темелна реконструкција на локалното училиште, заменети се сите прозорци, подот, а претходно бил заменет и таванот и биле направени низа интеревенции за воспоставување на подобри услови за одвивање на наставата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП