18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХуманитарна помош оставете во подружниците на Македонска пошта

Хуманитарна помош оставете во подружниците на Македонска пошта

posta 33

Македонска пошта како општествено одговорна компанија овојпат се вклучува во хуманитарната акција за помош на настраданите  во тетовскиот регион, со тоа што ги отвора вратите на своите подружници за оставање хуманитарна помош за настраданите во поплавите во Тетово.

Почнувајќи од понеделник, 10-ти август, па се до 15-ти август, сабота, АД „Македонска пошта“ прогласува „Недела на хуманост“.

Во соработка со Црвениот крст граѓаните својата хуманитарна помош во храна, облека, средства за лична хигиена и дезинфекција можат да ја предадат во 330-те единици на поштенска мрежа на АД „Македонска пошта“ на целата територија на Македонија.

АД „Македонска пошта“ изразува сочуство до настраданите во оваа природна катастрофа и ги повикува сите хумани граѓани да дадат придонес со своите донации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП