3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаго закрепнување на цената на нафтата

Благо закрепнување на цената на нафтата

nafta bareli2

Цената на сировата нафта на светските берзи благо закрепна денеска, откако во претходниот ден падна на најниско ниво за последните шест месеци.

Цената на барел нафта на лондонската берза се зголеми за 40 центи, на 49,92 долари, откако претходниот ден падна на најниско ниво за шест месеци. На американската берза цената беше во плус 35 центи и изнесуваше 45,01 долари за барел.

Цената на нафтата од почетокот на неделата е во минус 4,7 отсто и е на пат да забележи најголем неделен пад од март.

„Цената на нафтата се наоѓа на ниво на кое е присутно силно негативно влијание на активностите на ископините во САД“, рече Оливие Јакоб од PetroMatrix, кој предвидува дека ќе дојде до натамошно намалување на понудата.

Додека инвеститорите ја очекуваат објавата на американските податоци за вработеноста и кинеските податоци за трговијата, аналитичарите истакнуваат дека е мала веројатноста дека цената позначително ќе се движи во било која насока.

Американските податоци за вработеноста, кои ќе бидат објавени во текот на денот, ќе бидат компас кога Фед би можел да ги подигне каматните стапки. Пазарот е поделен околу тоа дали првото зголемување на каматите за последните речиси 10 години ќе биде во септември или во декември.

Покрај преголемото глобално снабдување со нафта, загрижуваат и податоците за забавување на кинеската економија. Покрај тоа, сезонското одржување на рафинерии и во наредните месеци исто така ќе ја притисне цената на сировата нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП