20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемување на септемвриските пензии за пет отсто

Зголемување на септемвриските пензии за пет отсто

denari 200

Пензиите за септември ќе бидат зголемени за пет отсто, потврди денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на охридскиот регион.

Според него, зголемувањето е програмирано во Буџетот, иако се уште нема одлука за начинот на зголемување.

Најверојатно, посочи Груевски, ќе има линеарно зголемување што ќе значи 600 до 630 денари повисока пензија.

„Речиси секоја година вршиме зголемување на пензиите. Досега пензиите се зголемени за над 67 проценти“, изјави Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП