3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на европските берзи

Внимателност на европските берзи

evropski-berzi-euroberzi

На европските берзи денес водечките индекси ослабнаа, погодени од слабите деловни резултати и разочарувачките показатели од германската и француската индустрија, а тргувањето е внимателно пред објавата на новите бројки од американскиот пазар на труд.

Паневропскиот FTSEurofirst индекс на 300 водечки акции околу пладне беше во минус 0,4 отсто. Истовремено, лондонски Ftse се спушти за 0,04 отсто, на 6.744 поени, а франкфуртски DAX за 0,18 отсто, на 11.564 поени, а париски CAC за 0,14 отсто, на 5.184 поени.

Инвеститорите ги разочараа најновите податоци од германската индустрија, кои покажаа неочекувано силен пад на индустриското производство, поради што инвеститорите почнаа да да се сомневаат во силата на закрепнувањето на водечката економија во Европа. Разочара и падот на индустриското производство во Франција, втора по големина економија на еврозоната.

„Овие бројки го разочараа солидниот тренд, а европското економско закрепнување не е постојано. Понекогаш ти бројки се послаби, но тоа сепак не е доволно да се притисне знакот на аларм“, рече аналитичарот во компанијата IG Alastair McCaig.

Подобри резултати инвеститорите очекуваат во текот на денот од американската економија. Извештајот за вработеноста во јули би требало да покаже солиден број на новоотворени работи места и веројатно раст на платите. Таквите податоци би пружиле дополнителна потврда за подобрување на состојбата во економијата, што би можело да и овозможи на американската централна банка да ги зголеми каматите во септември.

Меѓу поголемите губитници денеска се издвои акцијата на белгиската поштенска компанија bpost, со пад на цената од 7,7 отсто, откако компанија извести дека очекува класичното поштенско работење да и ослабне повеќе од предвидуваното.

Значително падна и цената на акцијата на финскиот производител на автомобилски гуми Nokian Tyres, за 4 отсто, откако компанија ги снижи прогнозите за целогодишната добивка поради слабата побарувачка на нивниот клучен, руски пазар.

Од друга страна, меѓу ретките добитници беше акцијата на италијанската банка Banca Monte dei Paschi di Siena, со скок на цената за 6,4 отсто, по известувањето дека втор квартал по ред работела со добивка. Банката и натаму бележи закрепнување откако беше силно погодена со должичката криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП