26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јули измерена дефлација од 0,4 отсто

Во јули измерена дефлација од 0,4 отсто

deflacija 33

Индексот на трошоците на животот, кој важи за клучен показател за движењето на инфлацијата, во јули, во споредба со истиот месец лани, бележи намалување за 0,4 отсто, покажуваат податоците на  Државниот завод за статистика.

Дефлацијата во јули на месечно ниво дефлацијата е уште поголема и изнесува 0,7 отсто.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,7 отсто во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 18,9 отсто, свежото овошје за 2,7 отсто, јајцата за 1,7 отсто, сувомесните производи за 0,8 отсто, конзервираните месни производи за 0,6 отсто, конзервираниот зеленчук за 0,5 отсто, свежото млеко за 0,4 отсто, полутрајните колбасичарски производи за 0,3 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот забележано е и кај болничките услуги за 5,8 отсто, средставата за чистење и одржување на станот за 2,2 отсто, обувките за 1,3 отсто, електричните апарати – големи за 1,0 отсто, електричната енергија за домаќинствата и течните горива и мазива за 0,4 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај тутунот за 5,0 отсто, сувото овошје за 1,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,1 отсто.

Во јули пораст е забележан и кај услугите за сместување за 13,2 отсто, лековите за 3,5 отсто, информатичката опрема за 3,1 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 2,6 отсто, гасот за домаќинствата за 1,3 отсто, облеката, мебелот и текстилот за домаќинствата за 0,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП