22 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДобра вест за љубителите на лутиот вкус

Добра вест за љубителите на лутиот вкус

boximage (1)14

Доколку лутата пиперка е често на вашето мени, резултатите на неодамна спроведеното научно истражување ќе ве израдуваат.

Луѓето кои редовно јадат лута храна не само што го продолжуваат својот животен век туку имаат и помали шанси да заболат од тешки болести како што е рак, срцеви и респираторни заболувања, велат британските и кинеските научници.

„Нашата анализа укажува на врската меѓу консумирањето на лута храна и долгиот живот, како и намалениот морталитет“, се истакнува во студијата на групата меѓународни истражувачи објавена во магазинот British Medical Journal.

Повеќегодишното следење на навиките на околу 500.000 Кинези на возраст од 30 до 79 години, покажа дека лицата кои речиси секојдневно јадат лута храна живеат подолго и помалку заболуваат од смртни болести.

Тие претпоставуваат дека главна улога има капсаицинот, активната супстанца која се наоѓа во лутите пиперчиња и која има антиоксидантно и антивоспалително дејство, што помага во борбата против дебелина и појавата на рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП