3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова полициска станица се гради во Ѓорче Петров

Нова полициска станица се гради во Ѓорче Петров

nova-policiska

Општината Ѓорче Петров денес информираше дека интензивно се гради на новата полициска станица. Работите се одвиваат според предвидениот план и се очекува истата да биде готова до крајот на 2015 година.

За полициската станица ќе бидат на располагање сутерен и три спратови или изразено во квадрати вкупно 855 м2 нето корисна површина. Пред објектот се планирани и неколку паркинг места, а просторт околу зградата ќе биде хортикултурно уреден.

За противпожарната станица ќе се обезбедат 615 м2 што во целост ќе ги задоволи потребите на единица која сега работи во несоодветни услови и има на располагање само 124 м2 кои ни од далеку не ги задоволуваат потребите на вработените.

Старата зграда која ја користат пожарникарите е изградена во 1936 година а бараките во кои сега функционира полициската станица се изградено 1963 година. Со новите работни простории припадниците на ѓорчепетровската полициската и противпошарна станица ќе имаат одлични и современи услови за работа, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП