21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Грција

Намалена невработеноста во Грција

grcija12knhyrt55

Во Грција се чувствува подобрување. По постигнувањето на договорот со државите членки на еврозоната и избегнатиот банкрот, како и досега успешните преговори со кредиторите за нов пакет финансиска помош, добриот ден на Атинската берза, убави вести доаѓаат и од грчкиот статистички завпд Елстат за невработеноста.

Имено, невработеноста во Грција во мај е намалена на 25 проценти, што е најмалата стапка на невработеност од јуни 2012 година.

Невработеноста во Грција во април изнесуваше 25,6 проценти, а најголемата стапка на невработеност беше забележана во септември 2013 година, кога таа изнесуваше 27,9 проценти.

Сепак, невработеноста во оваа земја е повеќе од двојно поголема од просекот во еврозоната кој изнесува 11,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП