17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНормализиран железничкиот сообраќај, Скопје-Тетово-Кичево

Нормализиран железничкиот сообраќај, Скопје-Тетово-Кичево

tetovo pruga 333

Механизацијата и екипите на ЈП МЖ Инфраструктура успешно го отстранија големиот нанос од камења, земја, дрвја и кал на пругата кај Тетово со што сообраќајот повторно беше нормализиран, кој поради претпазливост се одвиваше со намалена брзина од дозволеното.

Поради обилните врнежи од дожд и невремето кое го погоди Тетовскиот регион на делот на Поројска река, го отежнаа нормалното одвивање на железничкиот сообраќај кон Кичево.

Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кал предизвикаа неколку часовен прекин на сообраќајот на пругата Ѓорче Петров –Кичево, односно неполни два километри пред Тетово.

Според првите проценките штетата која е направена на оваа железничка линија е околу 15 илјади евра.

Екипите на ЈП МЖ Инфраструктура се на терен и интензивно работат на целосно регулирање, расчистување на последиците и оштетувањето на пругата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП