21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа ГП Блато дневно минуваат околу 2.000 патници

На ГП Блато дневно минуваат околу 2.000 патници

gp-blatoooo5556

На граничниот премин Блато на македонско – албанската граница кај Дебар дневната френкфенција на патници изнесува и до 2.000 патници.

Според надлежните, македонските државјани од Дебар, но и другите градови на Македонија кон Албанија патуваат во Албанија на годишни одмори, додека албанските државјани во Македонија влегуваат заради шопинг и сезонска работа.

Вториот граничен премин во близина на Дебар Џепиште – Требиште на Македонско-албанската граница има видно помала фрекфенција , поради тоа што овде работното време е од 8 до 18 часот.

Претежно на овој премин во Македонија влегуваат жители на областа Голо Брдо кои пазарат прехранбени артикли и друга стока за широка потрошувачка. Во просекот на овој премин минуваат по 50- тина патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП