4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕВН Македонија со донација во тетовскиот регион

ЕВН Македонија со донација во тетовскиот регион

evn snab

Компанијата ЕВН Македонија денес соопшти дека ќе се вклучи во донаторската акција на Црвениот Крст за помош на најпогодените од невремето и поплавите во тетовскиот регион.

Во текот на денешниот ден и во понеделник, со помош на Црвениот Крст, ЕВН Македонија на жителите од тетовскиот регион, покрај вода за пиење ќе им достави средства за чистење и дезинфекција, неопходни за нивно повторно враќање во поплавените домови, се вели во соопштението.

Силното невреме кое го зафати тетовскиот регион во неделата предизвика големи штети и на електродистрибутивната мрежа. Паднати столбови, скинати кабли и непристапен терен беа предизвиците со кои екипите на ЕВН Македонија се соочија на терен.

Со зголемени капацитети и деноноќни напори, тие успеаа да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија во целиот тетовски регион.Најкритично беше во селото Шипковица, каде во дефект беа три трафостаници. Сите корисници од регионот сега имаат непречено снабдување со електрична енергија.

На жителите на тетовскиот регион, поради поплавите кои ги зафатија нивните домови, покрај вода за пиење, потребни им се и средства дезинфекција за повторно оспособување на домовите за нормален живот. ЕВН Македонија својата донација ја достави во магацинот на Црвениот Крст во Момин Поток, од каде се дистрибуира до загрозените подрачја. ЕВН Македонија ги повикува и останатите претставници од бизнис секторот да се придружат на оваа донаторска акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП