30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's продолжи да дели откази

McDonald’s продолжи да дели откази

mcdondonmc

Синџирот на ресторани за брза исхрана McDonald’s најави укинување на околу 225 корпоративни места во настојувањето да го ревитализира своето работење.

Најголемиот светскиот синџир за брза исхрана ќе укине околу 135 работни места во седиштето на компанијата Ок Брук во Илиноис, каде има околу 2.100 вработени. Дополнителни 90 места ќе бидат укинати во странство, објави компанијата.

Овој потег уследи по најавата на извршниот директор на McDonald’s, Стив Истбрук а планира до 2017 година да ги намали трошоците за 300 милиони долари и да ја реорганизира компанијата за да може побрзо да реагира на промените во фаст-фуд индустријата.

Со оглед дека продажбата паѓа, McDonald’s признава дека не успева да се држи во чекор со промените на вкусот. Компанијата минатиот месец извести дека на американскиот пазар имала пад на продажбата седмо тромесечје по ред.

McDonald’s во своето седиште веќе укина 63 работни места во декември и дополнителни 65 во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП