21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ со програма од 45 милиони евра за пограничните региони на Македонија...

ЕУ со програма од 45 милиони евра за пограничните региони на Македонија и Грција

eu (1)

Жителите на пет погранични региони во Грција и четири региони во Македонија ќе имаат можност да искористат средства од новата програма за прекугранична соработка на Европската унија (ЕУ), во вредност од 45 милиони евра, соопштуваат од Европската комисија (ЕК).

Од ЕК додаваат дека 39 милиони евра во оваа програма доаѓаат од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а предвидено е програмата да помогне во создавањето на нови работни места, подобрување на јавниот транспорт и здравството, како и заштита на животната средина и природните богатства на регионите.

Целта на програмата е да создаде можности за работа за дипломираните граѓани преку компаративните предности на пограничните места, а инвестициите исто така ќе го подобрат и здравството и социјалните услуги за децата и постарата популација, додаваат од ЕК.

Програмата ќе се концентирира и на тоа регионите да имаат подобра заедничка соработка при промоцијата на туризмот и создавањето на нови работи места во овие сектори.

„Нашите прекугранични програми овозможуваат конкретни мерки за подобрување на квалитетот на животот и нудат нови економски можности и работни места за луѓето кои живеат во пограничните региони на Европската унија и нејзините соседи. Овие програи се можност за регионите да најдат заеднички решенија за проблемите со кои се соочуваат“, изјави еврокомесарката за регионална политика, Корина Крецу.

Од ЕК додаваат дека програмата воглавно ќе се фокусира на два приоритети, развој и поддршка на локалната економија и зашита на животната средина и транспорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП