30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се намалува емисијата на испарливи органски соединенија

Ќе се намалува емисијата на испарливи органски соединенија

cisto

Поставувањето на системите за елиминирање на испарливи органски соединенија (ИОС) ќе придонесе кон намалување на емисијата на пареи што се ослободуваат при полнење на бензините.

Со воведување на Законот за контрола на емисиите од ИОС при манипулирање со бензини, македонските компании се обврзани да направат дополнителни инвестиции и да имплементираат нови процедури што ќе ги сведат емисиите на ИОС на минимум. Овој закон, односно контролата на ИОС подразбира поставување на инсталации за рекуперација на пареите од бензин во затворен систем преку нивно собирање и втечнување, без да се дозволи нивна емисија во воздухот. Законската обврска за поставување инсталација за рекуперација на бензинските пареи бара истата да се имплементира до 30 јуни 2016 година.

За целосно применување на препораките од оваа обврска, компаниите треба технички да ги прилагодат инсталациите за полнење на автоцистерните со бензини на долно наместо досегашното горно полнење. Технички прилагодената инсталација овозможува преку рекуперација да се искористат лесните компоненти кои се ослободуваат при натовар на бензините во автоцистерните и истите безбедно да се складираат повторно во резервоарите. На овој начин целиот процес да се одвива во затворен круг со што пареите, кои што досега се создаваа при горното полнење, отсега ќе се собираат со втечнување во новата постројка за рекуперација на пареи (Vapor Recovery Unit), која што ги складира и не дозволува овие гасови да се испуштат во атмосферата.

Со воведување на овој систем ќе се придонесе кон заштитата на животната средина со значително намалување на емисијата на ИОС како што се метан, етан, пропан, бутан и сведување на минимум опасноста од предизвикување на пожар и експлозии. Дополнително ќе се зголеми безбедноста при работа на вработените на терминалите за бензин каде што се одвива складирање, полнење и транспорт на горивото.

Поставувањето на инсталации за собирање на овие пареи, е трошок што компаниите самите го преземаат и подразбира големи финансиски инвестиции. Крајниот рок за спроведување на комплетна оперативност на системите за елиминирање на емисијата на пареи од бензин е 30 јуни 2016 година согласно Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП