14 јануари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЗа работа во Русија – најмалку 850 руски зборови

За работа во Русија – најмалку 850 руски зборови

rusija2

Станските државјани кои би сакале да работат во Русија, според предлогот на Министерството за образование и наука, мора да знаат најмалку 850 руски зборови.

Оние кои претендираат да имаат и руско државјанство мора да покажат малку понапредно знаење кое брои 1.300 зборови.

Знаењето на сите оние кои во оваа земја ќе пристигнат да работат или да стекнат државјанство ќе биде одделно проверено со помош на тестови, на кои мора да покажат дека тие знаат да читаат и пишуваат на руски јазик, сето ова ќе го спроведува комисијата која во иднина ќе биде формирана во Министерството за образование. Оние лица кои ќе положат ќе добијат сертификат, а на останатите ќе им биде овозможена втора шанса.

Експертите од Центарот за рускиот јазик велат дека 850 зборови се сосема доволни за новодојдениот да може да комуницира со локалното население. Од Центарот велат дека 400 основни зброви се доволни за странскиот државјанин да може да ги каже основните работи, но дека на странските државјани кои сакаат да работат им се потребни дополнителни зборови за да можат да остварат комуникација со деловниот свет во таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП