30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедиумскиот сектор го притисна Волстрит

Медиумскиот сектор го притисна Волстрит

volstrit4874

Најзначајните индекси на Волстрит остро паднаа денес под притисок на силниот пад на цените на акциите на медиумските компании поради послабите од очекуваните деловни резултати, поради што овој сектор забележа најголема дводневна загуба, по финансиската криза 2008. година.

Њујоршки Dow Jones се спушти на 0,69 отсто, на 17.419 поени, S&P 500 за 0,78 отсто, на 2.083 поени, а технолошки Nasdaq за 1,62 отсто, на 5.056 поени, забележувајќи најголем дневен пад од почетокот на јули.

Најголем губитник беше акцијата на Viacom, со пад на цената за 14,22 отсто, на најниско ниво за последните 4 години, откако компанијата извести за помали од очекуваните квартални приходи поради слабоста на кабелскиот ТВ бизнис.

Акцијата на Walt Disney падна за нови 1,79 отсто, откако претходниот ден забележа загуба од 9,2 отсто откако ја снижи прогнозата за добивка на своето кабелско работење.

S&P 500 медиумскиот индекс падна вчера за 2,12 отсто забележувајќи најголем дводневен пад од ноември 2008 година, при што сите составни единици забележаа пад, а најмногу Time Warner, Comsat, CBS и Twenty-First Century Fox.

„Сите медиумски акции беа во минус, се чини дека инвеститорите сакаат да се повлечат од овој сектор по било која цена и ги прифаќаат загубите какви и да се“, вели аналитичарот во CLSA Василиј Карасјов.

Резултатите на Viacom и предупредувањето на Disney го вратија во фокус на инвеститорите трендот на пренасочување на гледачите од кабелските ТВ на интернет сервисите како што е Netflix, чија акција порасна вчера за 2,2 отсто.

На европските берзи најзначајните индекси вчера ослабнаа. Лондонски Ftse го заврши тргувањето во минус од 0,1 отсто, на 6.747 поени, франкфуртски DAX од 0,44 отсто, на 11.585 поени, а париски CAC од 0,09 отсто, на 5.192 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП