На патниот правец А2 Охрид – Кичево, поточно на планинскиот превој Пресека, кај село Врбјани, поради изведување градежни работи на пат, минирање, во сабота, сообраќајот ке биде во прекин од 14 до 16 часот.

Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци. Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.
Кај село Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се корисити патот низ село Порој.
Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г.Орашје и Нераште.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.